Првиот двомоторен авион во Македонија

Пред неколку месеци во Република Македонија за првпат во историјата на Македонското воздухопловство пристигна двомоторен авион. Овој авион пристигна од Велика Британија и е од типот Piper PA-23-250 E Aztec со регистарски ознаки Z3-DCW.

 

 

 

Авионот има два мотори од по 250 коњски сили и е целосно опремен за летање во инструментални услови и во услови на заледување. Има вкупно шест седишта и е вистинско уживање да се лета со него на подолги дестинации надвор од нашата држава. Овој воздухоплов престваува одлична можност македонските пилоти да се обучат за летање на воздухоплови со два мотора и да стекнат овластување за летање по инструменти во лоши метеоролошки услови. Овој авион е вистинско доживување кога полетува или слетува на спортскиот аеродром “Скопје” – Стенковец и преставува вистинска атракција за посетителите на овој спортски аеродром.

 

 

 

Фото и текст: Давидов Никола

 

Читайте также:  Сите руски авиони