На 17 Септември 2007 година за првпат во Македонија пристигна првата УЛ едрилица од Република Чешка. Едрилицата од Чешка до Македонија ја прелета пилотот Небојша Антиќ.
Ова е едрилица од типот TST-14M Bonus со регистарска ознака OK-A702. Ова е високоспособна двосед едрилица со мотор кој се вовлекува во трупот. Моторот е Rotax 503 со 46 коњски сили кои се сосема доволни за да полета без аерозапрега. Оваа едрилица има распон на крила од 17 метри и финеса 24. Максимална брзина е 205 километри на час, а брзина на превлекување е 65 километри на час. Едрилицата е опремена со дигитални инструменти и електронски вариометар. Се наоѓа во хангарот на Спортскиот аеродром “Скопје” – Стенковец и претставува вистинско уживање да гледаш како оваа едрилица лета, а се надевам дека е уште поголемо доживување да седнеш и да заедриш во воздушните столбови на аеродромот и планиснкото едрење на Скопска Црна Гора и Солунска Глава.