На 14 Август 2005 Боинг 737-300 на Хелиос се урна близу Атина. Погинаа сите 121 патници. Летот од Ларнака до Прага преку Атина не воспоставил комуникација со Грчката контрола на летање, со што беа испратени два борбени авиони од грчката армија.
Едниот пилот кој му се приближал изјави дека видел како едниот пилот лежи на командите а други двајца луѓе (веројатно и другиот пилот) се обидувале да го кренат авионот. Најверојатно причината за оваа несреќа беше неадекватниот сервис на задниот дел (што неколку часа пред полетување било пријавено но механичарите рекле дека се било во ред), и покрај алармот кој им кажувал на пилотите дека има проблем со притисокот во авионот, тие мислеле дека алармот е лажен па ја прашувале компанијата како да го исклучат, доведе овој авион да се сруши во планината Маратон кај Граматико.
Од оваа несреќа имаше две невистини кои проциркулираа. Првата беше кога еден човек тврдеше дека неговиот роднина му испратил порака дека се смрзнале за време на летот и умираат, беше осуден за измама откако беше докажано дека воопшто не примил порака ниту имал некој близок на тој лет.
И втората доста интересна, беа извадени слики сликани од едниот пилот на борбените авиони, кои изгледаа доста реалистично. Инаку, прикажаниот модел на 737 е -800, а не како срушениот -300.