Првите 271 авиони Боинг 737 биле направени на Boeing Field, Seattle (BFI). Од тогаш преку 6000 се порачани а преку 5000 авиони се направени. Боинг 737 претставува најпопуларното летало со среден достиг на летање. Денес, преку 1,250 авиони од овој тип се постојано во воздух и во просек еден авион полетува на секои 5 секунди некаде во светот.
Методот на произведување драстично е сменат од првичниот во 1966. Главната разлика е движечката линија на склопување, која е слична како онаа во автомобилската индустрија. Со ова не само што е убрзано производството, но исто така се скратени трошоците за изградба. Линијата се движи константно со брзина од 5 центиметри на минута, застанувајќи само заради паузите за ручек, критични производни проблеми и помеѓу смени. Временски исцртани шеми на подот им помагаат на работниците да имаат ориентација кои делови треба да се монтираат.