Аеромитинг Битола 2008

На 24 и 25 Мај 2008 година се одржа после 20 години аеромитинг на Спортскиот аеродром «Логоварди» — Битола. Аеромитингот беше вистинско доживување за младите битолчани кои немале прилика да се запознаат со македонското воздухопловство одблизу.

На овој аеромитинг учествуваа членови од Аеро Клуб «Мирко Тодоровски» — Битола, Аеро Клуб «СКОПЈЕ» — Скопје, Аеро Клуб «Доне Божинов» — Куманово, Бони Ер, Агенција за цивилно воздухопловство, КЛЛ «Метаморфоза» — Скопје, Хеликоптерската единица на Министерството за Внатрешни Работи и Военото Воздухопловство на Република Македонија. Гостите можеа бесплатно да се возат со неколку воздухоплови над Битола што остави прекрасен впечаток, но и да не се заборави летот со едрилица на тие што беа похрабри да пробаат како е чуството додека пилотот прави акробации. Најголемо доживување беше скокот на падобранците од хеликоптерот на МВР, но исто така и акробатскиот лет на едрилиците.

Читайте также:  Првиот двомоторен авион во Македонија