На 27 Ноември 2009 година се одржа прослава по повод постоењето на Хеликоптерската единица на МВР «Јастреби». Прославата се одржа во матичната база на оваа единица во полицискиот комплекс Идризово. Единицата е формирана во 1969 година, но првиот хеликоптер беше купен во 1970 година.
Првиот купен хеликоптер беше Agusta Bell 206A JetRanger II. Овој хеликоптер претрпе несреќа на една негова мисија и подоцна во 1973 година се купи нов хеликоптер Agusta Bell 206B JetRanger III кој и ден денес активно ги извршува задачите во Хеликоптерската единица на МВР. Денеска Министерството за Внатрешни Работи на Република Македонија поседува седум хеликоптери кои активно учествуваат во заштита и спасување на граѓаните.
На прославата што се одржа во базата Идризово гостите можеа да се запознаат одблиску со изложените хеликоптери кои беа поставени на хелиодромот и покасно да ги видат овие воздухоплови во акција. Како вежби беа презентирани хеликоптерите во акција заедно со Единицата за Брзо Распоредување, потоа пратење и подршка од воздух на конвој, спасување со помош на витло и слично.